-->
-->
Светска премиера на „Кирил и Методиј, who are you“ од Плевнеш во Букурешт
-->
Претставата „Кирил и Методиј, who are you“ од Јордан Плевнеш, во режија на Мартин Кочовски во Букурешт, Романија, в среда ќе ја има својата светска премиера, соопштуваат од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Изведбата на годинашново Охридско лето беше оценета како одлична, комплетно, преку режијата, актерската игра и музиката.
Претставата „Кирил и Методиј“, театарот "Војдан Чернодрински" од Прилеп ја реализира со продукцијата НЕТА (Нова европска театарска асоцијација), Љубљана и Сфумато театарот од Бугарија.
Како што објаснуваат од Центарот за култура „Марко Цепенков“, претставата ги користи сите историски и релевантни документи и дава одговори на капиталното прашање - „Кои се, всушност, браќата Кирил и Методиј, заштитниците на Европа?" и зошто и по 1.100 години, двајцата светители по силината на својот дух и натаму се отворена мистерија за светската и научна јавност, поради нивната филозофија наречена цивилизација на љубовта и носталгија по единството.
Во претставата играат Ѓорѓи Јолевски од МНТ (го игра ликот на Кирил), Игор Трпче (Методиј), Виолета Чакарова, Андон Јованоски, Димитар Црцороски, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Димитрина Мицкоска, Илија Волчески, Хриса Јоаниду од Националниот театар од Северна Грција, Марија Ѓаковска од Бугарија и актерот Здравко Стојмиров од Битола.
Костимите се на Елена Иванова од Софија, а музиката е на Горан Трајковски. Сценограф е Јани Константиновски - Пунтус од Краков, Полска.
По светската премиера во Романија, претставата на 20. септември ќе биде прикажана на 20. издание на фестивалот „Екс Понто“ во Љубљана, каде прилепскиот ансамбли и е добро познат на публиката со двете претстави од Брехт што ги режираше Мартин Кочоски: „Тапани во ноќта“ и „Кавкаски круг со креда“ со која и победи на фестивалот.
На 12. септември претставата „Кирил и Методиј“ ќе го затвори годинашното издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, а прилепската публика премиерно ќе ја види во октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг