Светска организација за заштита на природата: Нерационалното производство и отпадот од храна ја уништуваат планетата
Светската фондација за природа (WWF) денес, по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја, објави дека актуелниот начин на создавање храна, според најновиот Извештај за состојбата на планетата, троши приближно 40% од површината погодна за живеење на Земјата, а дека неразумното производство и фрлањето храна ја уништуваат планетата.
„Денот на планетата Земја оваа година се слави во светло на еден од најважните христијански празници, Велигден.
Бидејќи празниците често ги поврзуваме со претерано уживање во храната, светската организација за заштита на природата WWF предупредува дека еден од начините за зачувување на здравјето на сите нас, но и на Земјата е рационалното производство и консумирање, како и спречување на фрлање храна“, се вели во известувањето.
Според најновиот Извештај за состојбата на планетата на WWF, сегашниот систем за производство на храна користи околу 40 проценти од површината погодна за живот на планетата и е најголемата причина за губење на природното живеалиште за илјадници растителни и животински видови, емитира повеќе од една четвртина од вкупната количина на јаглерод диоксид во воздухот и користи околу 70 проценти од достапната вода.
Ново на Сител
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка