Спорт плус
19. July 2015 - 9:34

Светска лига: Финалето за Србија и Франција

Репрезентациите на Србија и Франција ќе играат во финалето на светската лига во одбојка што се игра в недела во бразилскиот град Рио. 

Во полуфиналето Србија во 5 сета славеше против САД со 3-2 (25:23, 25:21, 25:27, 20:25, 15:12). во драматичен и неизвесен меч додека Франција беше поуспешна од светскиот првак Полска исто така со 3-2.
Финалето се игра в недела во 16.30ч а во 12.10ч е мечот за трето место.