Светска банка: Македонија е во умерена рецесија споредено со регионот

Светска банка прогнозира дека македонската економија годинава ќе падне за 4,1%, а јавниот долг ќе надмине 61% од БДП. Во најновата прогноза на банката, Македонија е оценета како земја која ќе влезе во умерена рецесија споредено со другите земји од регионот.
Корона кризата ќе ја зголеми невработеноста и сиромаштијата, но мерките кои ги презема Владата, според Светска банка, ќе помогнат за намалување на последиците. Банката не очекува дека во наредниот перид ќе се случи затворање на економијата како што се случи во март и април кога беше забележан и најголемиот пад на БДП од 2001 воената година досега.
„Очекуваме дека евентуален карантин ако се случи, ќе се случи во декември и јануари. Бараме тоа е она што го планираат земјите членки на ЕУ. Она што го гледаме сега се парцијални карантини, порестриктивни мерки во одредени региони. Национални карантини како што имаше в март и април не би требало да има освен ако пандемијата не излезе од контрола“, вели Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист во Светска банка.
„И ако дојде до целосен карантин, шокот врз потрошувачите и фимрите не би требало да биде силен како во март и април затоа што и едните и другите имаа време од шест месеци да се навикнат на новата ситуација“, вели Бојан Шимбов, економист во Светска банка.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
