Светиниколските пензионери еден час го блокираa патот кон Куманово и автопатот Свети Николе-Скопје
Светиниколските пензионери со земјоделска механизација го блокираа патот кој води кон клучката за автопатот Свети Николе-Скопје и Куманово. Децидни се дека барањето им е линерано покачување на сите пензионери од 3.500 денари. Трајче Стаменов пензионер од Свети Николе вели дека со блокирањето на патот сакаат да свртат внимание на надлежните институции.
- Пред се, Министерството за труд и социјална политика, Владата, Здружението на пензионери дека ова што сме го сите побарале да се покачи линерано пензијата на сите пензионери од 3.500 денари го изразуваме на ваков начин, бидејќи досега не наидовме на разбирање. Ние не сакаме 6 посто туку бараме 3.500 денари и во тоа нема да отстапиме, вели Стаменов.
Посочи дека со протестите продолжуваат секој ден пред Здружението на пезнионери, а наредната среда ќе го блокираат патот кој води кон клучката на автопатот Свети-Николе-Штип.
Прашан за најновата одлука на Владата да се формира работна група за донесување на пакет мерки за заштита на пензионерскиот стандар, Стаменов со став дека во работната група треба да има и пензионери кои секојдневно протестираат за линераното покачување на пензиите.
-Треба да влезат пред се од овие луѓе кои се пензионери и не може нивна група да се формира и на тој начин да се донесуваат одлуките. Тоа не е фер, вели Стаменов.
Миле Тралев наставник во пензија вели дека трошоците за живот секој ден вртоглаво скокаат, а со неговата пензија не може месецот да се истера до крај. Светиниколските пензионери денеска добија поддршка и од земјоделците и нивните здруженија.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија