Свештенство на СПЦ протестира пред Парламентот на Црна Гора
Свештеници и монаси на СПЦ во Црна Гора предводени од митрополитот Амфолохие се собраа денеска пред Собранието на Црна Гора пред почетокот на седницата на законоданиот одбор на чиј дневен ред е владиниот Предлог закон за слобода на вероисповед.
Беше прочитан проглас од седница на народен собор одржан во саботата во Никшиќ со кој се бара власта да го повлече од процедура предлог законот. Пред Собранието е поставен полициски кордон и заштитна ограда.
Вицепремиерот и министер за правда Зоран Пазин изјави вчера на состанокот на Комитетот за човекови права кој го поддржа Предлог-законот за слобода на вероисповед и му предложи на Собранието да го усвои, дека Владата е должна да го постави прашањето за законската важност на регистрацијата на некои верски објекти во катастарот на недвижности. Тој истакна дека Владата е подготвена за дијалог. Тој нагласи дека не разбира зошто СПЦ со години не сака да биде впишана во јавнит регистер. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера рече дека Црногорската автокефална црква и де факти и де јуре постои и пред независноста на Црна Гора. Владата тврди дека законот е во согласност со меѓународните стандарди и препораки на Венецијанската комисија и нема да го повлече.
Најспорна одредба во законот се однесува на проверка на легитимноста на сопственоста на верски објекти. Законот предвидува дека верските објекти и земјиштето изградени или стекнати од јавните приходи на државата или во сопственост на државата до 1 декември 1918 година, ќе станат државен имот, освен ако не постојат докази за сопственост на верската заедница на оние објекти што денес ги користат или се регистрирани како сопственици.
Ново на Сител
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања