Македонија
28. October 2024 - 11:07

Свекрва тепала 32 годишна снаа во Велес

Педесет и осумгодишна жена од неготинско село била приведена, откако била пријавена за физички напад и закани кон снаата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Синоќа во 21:05 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино ја лишиле од слобода К.У. од неготинско село, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 32-годишна снаа за син и ѝ се заканувала, појаснуваат од СВР - Велес.

Како што додаваат оттаму, К.У. била приведена во полициска станица и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.