Сведоштво од пукањето во Кичево: Се слушнаа истрели, во тоа време и децата доаѓаат од училиште
Крвав инцидент ја потресе вчера Македонија, во 18 часот и 50 минути во престрелка во Кичево тешко беше ранет кандидатот за градоначалник Алит Абази, со уште две лица.
По инцидентот тој бил итно опериран, а засега состојбата му е стабилна.
Во Кичево денеска е мирно и граѓаните ги извршуваат секојдневните активности. Сведоците за Дојче Веле велат дека напаѓачот извадил пиштол среде улица, го вперил и почнал да пука.
- „Се слушнаа истрели, некои свикаа за помош, додека дотрчав, во такси возило внесуваа лице кое изгледаше повредено. Лоши работи. И полошо можело да биде. Наоколу минувачи, возила... Во тоа време и деца од школо се враќаат...“, вели сведок за Дојче Веле.
Според жителите, полицијата реагирала брзо, бидејќи пукањето се случило на 100 метри од полициска станица.
Засега не се познати мотивите на напаѓачот, но според првичните сознанија тие најверојатно не биле поврзани со изборната активност на носителот на независната кандидатска листа, туку со претходни нерасчистени меѓусебни недоразбирања, за кои наводно била започната и судска постапка.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ обвини дел од публиката за недостаток на почит по победата над Холгер Руне на Вимблдон
-
Меси подготвен за полуфиналето со Канада на Копа
-
Македонија со три претставници во АБА2 лигата
-
Изминатите 24 часа - 11 пожари на отворено, ЦУК со апел да се внимава со палење оган во природа
-
Запрен е Конкурсот за издавање учебници за деветгодишно основно образование
-
Владината делегација, предводена од Мицкоски учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон
-
Во Скопје вчера казнети 127 возачи, 13 немале возачка дозвола
-
Загина човек од удар од воз