СВЕДОК НА НАПАДОТ ВО МИНХЕН: Покрај мене лежеше мртво момче, децата вриштеа, а луѓето бегаа
-Маж со оружје се појави од никаде во трговскиот центар и почна да пука. Настана вистински хаос, видов мртво момче како лежи на подот, крв имаше насекаде околу нас, луѓето бегаа на сите страни, раскажала за Блиц.рс С.П медицинската работничка на босанкиот проект која веќе 20 години живее во Германија.
-Ние успеавме во гужвата, да се сокриеме во магазинот на една продавница. Бевме во паника, без никаква орентација во шок. Почнавме да се караме дали да ја заклучиме вратат или не, беше страшно..., раскажала жената.
- Во магацинот имаше и ранета жена, многу крвавеше, но ја саниравме раната. Децата беа најмногу во шок, се тресеа и сите плачеа. Со нас во магацинот се сокри и девојче од девет години. Од надвор доаѓаа застрашувачки звуци, но ние во магацинот успеавме малку да се прибереме. Полицијата дојде по нас подоцна и не однесе во близина на еден ресторан, каде не задржаа таму. Моравме да дадеме изјава, но сега велат дека се уште не е безбедно, зборува жената од лице место од трговскиот центар во Минхен кој денеска беше нападнат од страна на тројца вооружени мажи.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството