Свечља: Вучиќ ќе биде затворен ако се обиде без дозвола да влезе во Косово
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља порача дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе биде затворен доколку се обиде да влезе во Косово без дозвола од косовското Министерство за надворешни работи, како што е регулирано со договор меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.
Реакцијата на Свечља, преку порака на неговата Фејсбук страница, уследи откако денеска во општините во северно Косово, населени со српско мнозинство, се појавија плакати со фотографија на Вучиќ и порака на српски јазик „Врховен команданту, те чекаме“.
Косовскиот прв полицаец порача дека ако Вучиќ дојде без барање од МНР, ќе биде уапсен и испратен таму каде што се „некои негови пријатели“.
– Во текот на ноќта кришум залепиле некои постери на северот на Косово. Велат дека чекаат да дојде претседателот на Србија, нарекувајќи го „командант“. Ако е тргнат без барање до нашето МНР, и ние го чекаме да дојде и потоа можете да го посетите во затвор, каде што веќе се наоѓаат некои негови пријатели, напиша Свечља.
Постери, на кои се гледа Вучиќ и зад него припадници на српската војска, се појавија утрово залепени на згради, куќи, локали и во јавни простори во четирите општини на северот на Косово, населени со мнозинско српско население – Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.
Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани изјави дека надлежните органи отвориле случај за „предизвикување омраза
Ново на Сител
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини
-
Министерството за правда достави до Влада допис за предлог за разрешување на Коцевски
-
Орбан: Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија по завршувањето на војната во Украина
-
Авганистанецот призна дека намерно удрил во толпата во Минхен, соопшти германското Обвинителство
-
АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
-
Пандов: Со цел мој авторитет ќе се потрудам затворските полицајци кои ја срамат униформата да завршат зад решетки