Свечено затворање на „Букстар 2017“ со промоција на книгата „Нема стих, нема мир!“
Со промоција на книгата „Нема стих, нема мир!“, антологија на бунтовна поезија од омилените автори официјално ќе се затвори годинашното издание Фестивалот на европската книжевност „Букстар“.
Приредувач на книгата е Кристина Велевска. Книгата ќе ја промовира книжевната проследувачка, критичарка и универзитетска професорка Весна Мојсова-Чепишевска.
Со поетско читање ќе настапат и петнаесетина македонски писатели, преведувачи и јавни личности, кои ќе читаат стихови од песните поместени во антологијата, меѓу кои и Иван Џепароски, Јулијана Величковска, Искра Донева, Маријана Јанческа, Јосип Коцев, Стефан Марковски, Лилјана Пецова-Илиеска, Дарко Ангеловски, Марија Грубор.
За крај на промоцијата, но и на целиот фестивал, е предвиден концерт на групата „ПМГ колектив“.
„Нема стих, нема мир!“ е реализирана од страна на соработниците и пријателите на издавачката куќа „Антолог“ по повод третото издание на фестивалот „Букстар“.
Триесетина поети, раскажувачи, есеисти, романсиери, преведувачи и јавни личности одбраа по две песни од своите омилени поети на теми како: бунт, револуција, револт, отпор.
Дел од нив ќе настапат и на промоцијата. Оваа несекојдневна збирка на едно место ги вклучува Артур Рембо, Велимир Хлебников, Бертолд Брехт, Мирослав Крлежа, Данило Киш, Јехуда Амихај, но и Кочо Рацин, Ацо Караманов, Коле Чашуле, Лидија Димковска...
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николовски
-
Премиера на тетарска претстава во МНТ
-
Детска заработи парична казна од ДСЗИ - Не е решен проблемот со специјализанти кои дежураат сами
-
Загадениот воздух ја полни Клиниката за пулмологија – Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Кривична пријава за рудникот „Саса“ и одговорното лице заради загадување на животната средина
-
Тројца сведоци на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
33 години затвор за 13 велешани за силување малолетничка