Свечено отворање на најголемата меѓународна вежба во земјава „Immediate Response 25“

На армискиот полигон „Криволак“ денеска со воена церемонија беше означен почетокот на меѓународната вежба „Immediate response 25“ (IR25), која ќе трае до 9 јуни. Единици од седум НАТО и две партнерски земји со своја формациска опрема и вооружување, ќе демонстрираат безбедносни способности и зајакнување на сајбер одбраната преку бојни гаѓања, премин преку река, сајбер и вежби за АБХ одбрана, информираат од ГШ на АРМ.
Вежбата свечено ја отвори бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командант на Командата за операции, која е организатор и домаќин на вежбата. Тој на учесниците им оддаде признание за посветеноста и професионализмот кои беа покажани за време на планирачкиот процес и истакна дека очекува беспрекорна работа и високи резултати.
-Immediate Response 25“ претставува одлична можност за потврда, унапредување, но и проверка на интероперабилноста и оперативната способност на сојузниците за водење на конвенционални операции, организација на системите на бојното поле, како и подобрување на тактиките и техниките во водењето на операциите, во функција на создавање поголема отпорност и самоодржливост на бојното поле. За нас, како домаќини и како армија на земја која од неодамна наврши пет години од членството во НАТО, оваа вежба е идеална можност за распоредување и извежбување на нашите декларирани сили, но и за непосредна соработка со сојузничките армии и партнерите, истакна генералот Ѓоргоски прогласувајќи ја вежбата за отворена.
На крајот свеченоста ја збогатија армиските оркестри од земјата и од Вермонт, САД кои изведоа нумери од нивниот широк воен репертоар.
Во вежбовната активност на армискиот полигон „Криволак“ учествуваат над 2200 армиски припадници од земјава, САД, Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, Обединетото Кралство, Австрија и Косово.
Вежбата „IR 25“ е дел од најголемата НАТО вежба оваа година на тлото на Европа, „Defender 25“, предводена од Армијата на САД која се изведува на територијата на членките на НАТО од југоисточниот дел на Европа. Преку изведување на копнени и бојни гаѓања се подобруваат подготвеноста, интероперабилноста и способностите за одвраќање помеѓу НАТО сојузниците и партнерите.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
