Свечено отворање на македонскиот павилјон на 57. Биенале во Венеција

Во просториите на Сале д’Арми (Sale d’Armi), во престижниот изложбен простор Арсенале во Венеција, денеска свечено ќе биде отворен Павилјонот на Република Македонија во рамки на 57-то издание на Биеналето во Венеција, една од најстарите и најпрестижни европски манифестации, која за јавноста ќе биде отворена од 13 мај до 26 ноември, соопшти Министерството за култура.
На отворањето ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Официјален претставник на Република Македонија на оваа најголема и најзначајна интернационална ревија на уметноста во светот е реномираниот уметник Томе Аџиевски, кој, со поддршка од Министерството за култура ќе се претстави со проектот „Red carnival“ (Црвен карневал). Комесар на оваа мултимедијална инсталација е Дирекцијата за култура и уметност - Скопје, а куратор е Бранислав Саркањац.
Томе Аџиевски е еден од најеминентите македонски автори, чиешто творештво е автентично, но во исто време и препознатливо во меѓународни рамки. Своите дела ги претставил пред уметничката јавност во Белград, Загреб, Сарaево, Анталија, Грац, Нирнберг, Дрезден, Берлин, Манчестер, Париз, Вашингтон, Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Венеција, Болцано, Александрија и на многу други места. Неговото творештво е изложено во еминенти галериски простори надвор од границите на нашата држава и тоа во Австрија, Германија и на многу други уметнички точки во светските метрополи.
Венециското биенале, кое има големо значење за промоција на македонската култура и уметност, годинава се одржува под мотото „Viva Arte Viva“. Директор на манифестацијата е светски реномираниот куратор Кристин Масел. На Биеналето својата уметност ќе ја претстават 57 земји од целиот свет преку националните павилјони, а ќе излагаат стотици автори. Република Македонија досега има остварено 11 претставувања на Биеналето во Венеција започнувајќи од 1993 година со проектот на авторите Петре Николовски и Глигор Стефанов.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате
-

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа
-

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради Задушница
-

Германски авиони ќе учествуваат во мисијата на НАТО „Арктичка стража“
-

Кос: ЕУ би можела да одбие Србија да има пристап до средства од пакетот од 1,6 милијарди евра
-

Апел за донации: Потребна е итна помош за лекувањето на осумгодишната Ана
-

Одбраната ја оспорува темелноста на вештачењето за „Онкологија“, судењето продолжува на 4 март
