Суспензија за двајцата цариници кои биле на смена кога автобусот на „Беса транс“ излегол од државата
Двајца царински службеници кои биле на смена кога автобусот на Беса транс излегол од државата се суспендирани, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање, соопшти Царинската управа по досега утврдените неправилности во постапувањето.
„Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници електронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници. За досега утврдените неправилности во постапувањето, за двајца царински службеници кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат преземени мерки суспендирање од работното место, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање“, велат од Царинската управа.
Ново на Сител
-
Три лица повредени, меѓу нив и малолетник кога возило излета од патот во Скопско
-
Во тек е кампањата „Носи кацига“
-
Две тела пронајдени во запален стан во Нови Сад
-
Царинска управа: Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
-
Воз удрил во автомобил во Драчево
-
Драматично спасување на заробен човек во длабока тиња и кал во реката Пчиња
-
Орбан неочекувано ја посети Кина
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист