Сушата во Индија за три недели однесе над 500 животи
Најмалку 500 лица ги загубија животите во Индија во изминативе три недели, како последица на големата суша предизвикана од невообичаено високите темепратури за овој период од годината, соопшти денеска индискиот Државен секретаријат за справување со последиците од елементарни непогоди.
Според Секретаријатот, како што јави ТАСС, големите горештини зафатиле огромен дел од територијата на Индија и предизвикале недостиг на вода за пиење за над 300 милиони жители во 256 окрузи во земјата.
- Состојбата е најтешка во сојузните држави Телангана, Одиша и Андра Прадеш. каде во последниве три недели починаа речиси 500 лица, се наведува во соопштението.
Во Одиша, каде како последица на жештините починале 198 лица, се измерени рекордни температири за овој период од годината од дури 48 степени Целзиусови.
- Претстојново лето ќе биде најтопло во последниве 100 години, при што максималните температури во јужните индиски држави може да надминат и над 48 степени, соопшти индиската метеоролошка служба.
Како последица на големите жештини лани во Индија животите ги загубија над 2.000 лица.
Според експертите, ваквите невообичаено високи температури во Индија се должат на локални аномалии засилени од влијанието на природниот феномен „Ел Нињо“.
Тие посочуваат дека ваквите аномалии се појавуваат циклично во интервали од две до седум години, предизвикувајќи еколошки катастрофи како суши или обилни поројни дождови.
Ново на Сител
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното