„Супермен“ и раскина на девојката
Актерот Хенри Кавил, кој се прослави со улогата на „Супермен“, неодамна се пофали дека е вљубен во неговата девојка, студентката Тара Кинг, која е 14 години помлада од него.
Но, како што јавуваат британските таблоиди, љубовта очигледно не била толку многу голема, бидејќи Хенри веќе ја оставил девојката со целосно скршено срце.
- Не се повеќе заедно, но Хенри нема ништо против тоа да остнат пријатели. Дури тој ја поканил на неговата роденденска забава по раскинувањето, на која таа дојде, но врската дефинитивно е готова, откри добро упатен извор.
Наводно на убавата студентка и е многу тешко поради прекинувањето со Хенри, кого го нарекуваше „љубовта на нејзиниот живот“.
Двојката се запозна во ноќниот клуб „Махики“ во Лондон кон крајот на минатата година, а Хенри често за неа зборуваше во суперлативи во интервјуата.
- Кога првпат ја запознав мојата девојка, бев само многу уплашен, затоа што сакав да ја импресионирам. Си помислив дека не смеам да зафрканам, своите карти морам да ги одиграм како што треба, откри тој.
- Луѓето велат дека годините се само бројка. Но, во многу случаи не се само тоа. Тие често се вистински и вистински показател на зрелост на некоја личност. Но, во овој случај, таа е фантастична, велеше Хенри.
Тој дури јавно ги замоли обожавателките да не му се додворуваат во присуство на Тара, па логично помисливме дека „тоа е тоа“.
- Таа е секогаш тука за мене и ме третира како нормално човечко суштетсво. Покрај неа можам да бидам она што сум, а таа секогаш ме заштитува, особено кога животот станува малку тежок, велеше актерот за Тара.
Оставањето на девојките очигледно не е новина за Хенри, кого претходно не можеа да го задржат ниту актеркати Џина Карано, Кејли Куоко и поранешната вереничка Елен Витакер, која е позната јавачка на коњи.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња