Фудбал
5. January 2018 - 11:19

Супермен доаѓа од Македонија

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ е новата ѕвезда во турскиот фудбал.

Весникот Фанатик го претстави на насловната страна како Супермен со што му даде посебно место по добрите игри на Македонецот во турското првенство.
Јаховиќ е на делба на првото место на листата на стрелците со 14 погодоци заедно со Гомиз од Галатасарај и Јилмаз од Трабзонспор со што неговиот Ѓозтепе заостанува само 6 бода зад лидерската позиција.