Суперкуп: Реал ја елиминира Барселона во продолжението
Првото „Ел класико“ за Чави Ернандез како тренер на Барселона заврши со пораз, откако Реал Мадрид по продолженија стигнаа до 3:2 победа над Каталонците во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп во Ријад, Саудиска Арабија.
Тимот на Карло Анчелоти беше фаворит и пред мечот, така што не изненадуваше што имаа фантастичен почеток на мечот, кој го круниса Винисиус Жуниор со ново голчиште во 25. минута од мечот по асистенција на Карим Бензема.
Сепак, Барселона не се откажа и со малку среќа дојде до израмнување во 41. минута, кога Лук де Јонг стрелаше трет натпревар во низа за Блауграна, поставувајќи притисок на ривалите. По повеќе акции пред голот на Тер Штеген, во 72. минута Карим Бензема пак ги донесе во предност „кралевите“. Меѓутоа, тогаш на сцена стапи новата „десетка“ на Барса, Ансу Фати, кој во 83. минута примора продолженија.
Човек на одлука беше Феде Валверде, кој влезе во игра во 83. минута и по еден контранапад на Реал во 98. минута по третпат ги донесе Реал во водство, кое овојпат го заддржаа до крајот.
Мадрид во финалето на Суперкупот ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, кој на програмата е утре.
Ново на Сител
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес