Ракомет
11. March 2017 - 17:36

Супер лига: Работник Еурофарм подобар од Радовиш

Ракометарите на Работник Еурофарм ја постигнаа 11.та победа во Супер лигата откако попладнево на домашен терен ја совладаа екипата на Радовиш со високи 11 голови разлика – 36:25. Со оваа победа Работник Еурофарм се изедначи со бројот на бодови со второпласираниот Охрид. Двете екипи имаат по 34.
Последниот натпревар од 16.коло вечерва од 19 часот го играат Прилеп и Охрид.
На вчера одиграните дуели од оваа рунда: Вардар Јуниор – Металург 2 33:25, Пелистер – Борец 29:25 и Пролет – Работнички 40:23.
Табела: Пелистер 37, Работник Еурофарм 34, Охрид 34, Борец 26, Прилеп 23, Радовиш 22, Пролет 22, Металург 2 18, Вардар Јуниор 14, Работнички 0.