-->
-->
Супер лига: Металург 14 од 14
-->

Ракометарите на Металург ја постигнаа и 14.та победа во Супер лигата по триумфот над Радовиш на гостински терен со 28:25 (14:12). Со оваа победа „металурзите“ имаат максимален учинок во лигашкиот дел од натпреварувањето. Најефикасен на натпреварот беше Јанко Божовиќ со 9 голови. Ова беше првиот натпревар од 14.коло што се одигра вчера.
Денеска од 19 часот во Прилеп играат истоимената домашна екипа и Вардар Јуниор, додека утре својот дуел ќе го одиграат Металург (2) и Пролет.
Рундата ќе биде комплетирана со натпреварите кои се на програмата в сабота: Борец – Работнички (почеток 15 часот) и Пелистер – Охрид (почеток 18 часот).
Табела: Металург 42 бода, Охрид 30, Прилеп27, Работнички 27, Вардар Јуниор 18, Радовиш 15, Борец 13, Пелистер 12, Пролет 12, Металург (2) 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
