Ракомет
2. November 2015 - 13:42

Супер лига: Дербито за Вардар Јуниор

Ракометарите на Вардар Јуниор ја остварија и петтата победа во шампионатот од Супер лигата откако во дербито на колото на домашен терен го победија Работнички со 26:25.
Во оваа рунда важна победа на гости оствари тимот на Охрид совладувајќи го Пролет со 24:20 и охриѓани сега се изедначија на табелата со Работнички со бројот на бодови на врвот на табелата.
 
На другите два дуела: Прилеп – Металург 27:32 и Металург (2) – Пелистер 20:26.
 
Табела: Металург 21 бод, Работнички 18, Охрид 18, Вардар Јуниор 15, Прилеп 12, Радовиш 12, Пролет 9, Пелистер 6, Борец 6, Металург (2) 0.