-->
-->
Сунак го разреши претседателот на конзервативците поради непочитување на министерскиот кодекс
-->
Британскиот премиер Риши Сунак денеска го отпушти претседателот на неговата владејачка Конзервативна партија поради, како што вели тој, сериозно кршење на министерскиот кодекс.
Притисокот врз Надим Захави се зголемуваше поради наводите дека подмирил неплатени даноци од неколку милиони долари додека бил на чело на државната каса.
Во писмото до Захави, Сунак наведува дека бил принуден да реагира бидејќи на почетокот на својот мандат ветил дека неговата влада ќе биде влада на интегритет, професионализам и одговорност на секое ниво.
Захави не ја коментираше одлуката на премиерот. Медиумите објавија дека Захави подмирил долг од речиси пет милиони фунти.
Надим Захави беше министер без ресор во владата на Риши Сунак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк