Сунак: Британија ќе ја поддржува Украина до одлучувачката победа на бојното поле
- Британскиот премиер Риши Сунак во обраќање во Парламентот на Велика Британија нагласи дека ќе продолжи „да ја поддржува Украина за да обезбеди одлучувачка воена победа на бојното поле оваа година“.
- Агресијата на рускиот претседател Владимир Путин на ниту еден начин не може да се протолкува како успешна и затоа ја забрзавме и ја зголемивме нашата воена поддршка за Украина, рече Сунак.
Британскиот крал Чарлс Трети денеска на аудиенција ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска пристигна во посета на Велика Британија.
Даунинг стрит соопшти дека се очекува украинскиот претседател да се сретне со британскиот премиер Риши Сунак. Зеленски, исто така, треба да се обрати во британскиот парламент и да се сретне со украински војници кои моментално се на обука во Велика Британија.
Ново на Сител
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО