Сугарески: „Тав“ ќе ги инвестира средствата во јавни добра од интерес на граѓаните
„Тав“ ќе ги инвестира средствата во јавни добра кои се во интерес на граѓаните, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговорајќи на новинарско прашање за што ќе се пренаменат парите што турската компанија е обврзана да ги инвестира согласно концесискиот договор и информациите дека нема да гради карго аеродром во Штип.
- Министерството има распишано одреден број тендери за канализации. Но, генерално тие 45 - 46 милиони евра ќе се наменат за посебни потреби на граѓаните, рече Сугарески по увидот во градежните работи на наплатната рампа Сопот.
Во врска со формирањето национален авиопревозник, повтори дека се прават анализи и ова прашање ќе се регулира по примерот на Србија, со јавно-приватно партнерство.
- Се додека не се види целосната анализа, не би влегувале во авантури кои би биле однапред осудени, потенцира министерот Сугарески.
Ново на Сител
-
Сончево и релативно топло
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски