Сугарески: Проблеми во проектот и наплатата и на експресниот пат Прилеп - Градско
Проблеми во проектот и во наплатата на средствата што треба да ги исплати Јавното претпријатие за државни патишта се воочени и при изградбата на експресниот пат Прилеп - Градско, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Тој посочи дека се работи за слични проблеми како оние на автопатот Кичево - Охрид каде во моментот се одвиваат градежни активности со минимален интензитет.
- Во неделата бев во посета на автопатот Кичево - Охрид каде се работи со минимален интензитет во делот на бетонските работи. Проблемот со свлечиштето коешто е појавено на патот Кичево - Пресека е сериозен така што тоа не може да се реши со ад хок решение, истакна министерот Сугарески при денешната прва средба со претставници на Комората на овластени архитекти и инженери.
Тој најави сериозна анализа на сите делници кои се градат во државата бидејќи, како што рече, очигледно е дека во изминатиот период имало направено сериозни проблеми при изградбата на патиштата.
- Сакам да ги видам проблемите коишто се случуваат на делниците кои се градат бидејќи она што опозицијата во моментот го претставува дека само треба да продолжи да се гради, без да се направи анализа, очигледно дека нема да биде можно, нагласи министерот Сугарески.
За автопатот Кичево - Охрид, како што посочи, најверојатно ќе треба да се исплатат дополнителни средства бидејќи последната направена пресметка покажала дека ако се се одвива според планираното, нема да биде под 120 милиони евра.
Рокот за изведба на автопатот Кичево - Охрид е 31 јануари 2018 година.
Во однос на можноста за дислокација на објекти од проектот „Скопје 2014“, министерот Сугарески рече дека се прави анализа по што ќе се види каде постои простор и услови за дислокација бидејќи треба да се има предвид дека понекогаш дислокацијата може да чини колку градењето на спомениците.
Со ребалансот на Буџетот, во Министерството за транспорт ќе бидат скратени средствата од непродуктивните трошоци. - Ќе се крати од сите непродуктивни трошоци кои се однесуваат на купување мебел, возила....Некои стапки ќе бидат сведени на нула, рече министерот Сугарески.
Од Комората на овластени архитекти и инженери посочија дека целта на оваа прва средба со министерот е да го запознаат со овластувањата и работата на Комората, а најавија дека ќе разговараат и за измени на Законот за градење во делот којшто се однесува на категоризацијата на градбите.
Ново на Сител
-
Трамп бара ослободување од обвинение за Нетанјаху
-
Во понеделник најавено прскање против комарци во Охрид и околината
-
Орбан и одговори на Фон дер Лајен: Не мешајте се во внатрешните закони на земјите-членки
-
Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции
-
19-годишно момче од Македонија се удави во Ханиоти
-
И нанел набиеници со крвни подливи и се заканувал дека ќе ја убие, обвинение за таткото што ја тепаше 4-годишната ќерка
-
Бела куќа: Иран не го преместил збогатениот ураниум пред нападот
-
ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлото време