Сугарески: Контролниот центар за автопатот Демир Капија - Смоквица да биде во Неготино
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески заедно со амбасадорот на Република Франција во Македонија Кристијан Тимоние денеска ја посети фирмата Ежис во Демир Капија, која е надзорен орган за изградбата на автопатот од Демир Капија до Смоквица.
На средбата, како што изјави Сугарески, биле запознати дека има проблеми со сигнализацијата на автопатот, а како дополнителен проблем се јавувал и еден далекувод од МЕПСО кој треба да биде дислоциран.
- Контролниот центар треба да биде направен во Неготино со цел да профункционира сигнализацијата која е поврзана со тунелите и автопатот да биде пуштен во употреба до 1 ноември кога е крајниот рок, изјави министерот Сугарески.
Прашан колку чини изградбата на автопатот, Сугарески рече дека во наредниот период ќе ја објават точната сума за во јавноста да не се шпекулира со бројки.
На прашањето дали може да доцни пуштањето на автопатот поради скандалите за корупција кои се однесуваат на изведувачот грчки „Актор“, што ги испитува Европската унија, рече дека треба да се остави ситуацијата да се расчисти.
- И грчкото обвинителство е заинтересирано за случајот, побарана е казна од 50 милиони евра. Како Министерство и Влада, доколку се докаже дека постои вина во целата ситуација, ќе ги преиспитаме односите со таа компанија, додаде Сугарески.
Ново на Сител
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола
-
Во Белград ќе продолжи судењето за масовно убиство во Дубона и Мало Орашје
-
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје
-
Четири лица загинаа во пожар во Токио
-
Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак
-
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието