Судскиот совет го разреши судијата Владимир Панчевски
Републичкиот Судски совет на денешната седница го разреши од судиската функција поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, потврдија за МИА од Судскиот совет.
Панчевски е обвинет и за злоупотреба на службена положба за распределувањето на предметите преку АКМИС системот, но судењето сè уште не е почнато бидејќи неколку пати се одложува.
На денешната седница за претседатели на основните судови во Струга и Кавадарци беа избрани Ифет Бајрамовски и Лазар Нанев, кои воедно беа и единствени кандидати.
Членовите на Судскиот совет го изгласа и Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за судии од Академијата за судии и јавни обвинители.
На денешната седница беше одложена точката за избор на шест судии на Апелацискиот суд Скопје, тројца судии за кривична област, двајца судии за граѓанска област и еден судија за стопанска-трговска област. Одложувањето на оваа точка е поради немањето координација и согласност меѓу членовите на Советот.
Поради обемниот дневен ред истата седницата ќе продолжи во понеделник.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет