Судскиот совет дозволи повторување на постапката за разрешувањето на Митриновски
Судскиот совет на Република Македонија дозволи повторување на постапката против Јордан Митриновски - судија на Апелацискиот суд Скопје, по донесена пресуда на Европскиот суд за човекови права во која е констатирана повреда на член 6 од Конвенцијата за заштита на човекови права и основните слободи, се вели во соопштението од Судскиот совет на РМ.
Во него се додава дека согласно член 80 став 3 од Законот за Судски совет на Република Македонија формирана била Комисија за спроведување на постапката, која во текот на годинава закажала расправи за 27 февруари, 24 април и 11 мај, што ги одложила по барање на Јордан Митриновски и неговите бранители.
Расправата закажана за 21 ноември годинава Комисијата ја одржала во присуство на подносителот на барањето за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, а во отсуство на судијата уредно повикан.
Постапката пред Судскиот совет е отворена по повеќе од две години од пресудата на Европскиот суд за човекови права, донесена во 2015 година, според кој, разрешувањето на Митриновски било спроведено во пристрасна постапка.
Митриновски беше разрешен поради одлуката да го пушти од притвор тутунскиот бос Бајруш Сејдиу со кауција.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг