Судот во Солун ќе ја објави одлуката за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски
Судечкиот совет на Солунскиот суд денеска треба да ја соопшти одлуката за барањето на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски во Македонија.
- Чекаме денеска Судот да ја соопшти одлуката. На минатите рочишта како сведоци бевме сослушани само јас и Александар Даштевски, изјави за МИА адвокатот на обвинетите, Петар Василев.
Посочи дека доколку Судот одлучи позитивно на барањето за екстрадицијата, како одбрана имаат право на жалба до Врховниот суд во Атина, во рок од 24 часа.
Да се екстрадираат во Македонија поранешните началници во Управата за безбедност и контра разузнавање, му предложил обвинителот на Советот на судии, според грчката новинска агенција на минатото роиште во солунскиот суд.
Oдбраната на Грујевски и Бошковски тврдела дека не станува збор за вистински обвиненија. И двајцата пред судот кажале дека не сакаат да бидат екстрадирани во Македонија бидејќи стравувале за своите животи и намоло да имаат фер судење. Исто така, ги негирал обвиненијата за кои што се товарат и ги оцениле како „политички прогон“.
Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција, независни еден од друг. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром. Судењето по три одложувања ќе се одржи на 17 мај следната година. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември.
Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во близина на Солун.
Грујевски и Бошковски, кои се меѓу обвинетите од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, за кој денеска треба да почне судењето во Кривичниот суд во Скопје, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре
-
Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар