Судот на БиХ распиша меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ
Судот на Босна и Херцеговина распиша меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и за претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, јавија утрово сараевските медиуми.
Налогот за апсење е внесен во системот на Интерпол, а моментално се чека потврда од Генералниот секретаријат на Европол во Лион.
Канцеларијата на Интерпол во Сараево ја внесе меѓународна потерница во системот, откако Судот на БиХ ја издаде.
Тој налог, всушност, не е активен. Тоа може да го видат само луѓето кои работат во контакт точките на Интерпол. Државите не смеат да постапуваат по овој налог додека од Лион официјално не се одобри распишување потерница, нагласуваат медиумите во Сараево.
Во потерницата се наведува дека именуваните лица се државјани на Босна и Херцеговина и на Република Србија. Додик и Стевандиќ се бараат за кривично гонење за сторено кривично дело Напад врз уставниот поредок од чл. 156 од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија