Судот ја одби жалбата на ВМРО-ДПМНЕ за одмрзнување на имотот на партијата

Кривичниот совет ја одби жалбата на ВМРО-ДПМНЕ и го потврди решението за замрзнување на недвижниот имот на политичката партија, информира денеска Основен суд Скопје 1 – Скопје.
– Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, постапуваше по жалба изјавена против решение на судија на претходна постапка кој го уважи предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите и изрече привремена мерка за обезбедување на недвижен имот на политичка партија опфатена со предлогот. Советот, по ценење на фактите и доказите во жалбата, донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судијата на претходна постапка, се вели во соопштението од Кривичниот суд.
СЈО поднесе барање до Судот за замрзнување на седиштето, штабовите и останатиот недвижен имот на ВМРО-ДПМНЕ. Барањето е во рамки на предметот „Талир“, што се однесува на незаконско финансирање на партијата.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
