Судири во Ереван, полицијата демантира дека уапсила опозициски пратеници
Судири меѓу полицијата и антивладини демонстранти избувнаа денеска во ерменскиот главен град Ереван, при што се уапсени повеќе од 70 лица, од кои двајца за наводно изработување на бомби.
Претходно беше објавено дека меѓу уапсените се наоѓаат и тројцата опозициски пратеници Никол Пашинјан, Арарат Мирзојан и Сасун Микаелјан, кои се и организатори на протестите. Веднаш потоа полицијата ја демантираше таквата информација, нагласувајќи дека тие „принудно биле отстранети од местото на протестот, со цел да се прекине незаконското собирање на активисти“.
Полицијата употреби специјални средства и насилно ги растерува демонстрантите.
Протестите против поранешниот претседател Серж Саркисјан, кој беше избран за премиер откако му заврши максималниот рок од два мандата како шеф на државата, траат веќе деветти ден. За време на неговото владеење тој го измени Уставот, менувајќи го уредувањето на земјата во парламентарна република, во која власта е во рацете на Владата.
Лидерот на ерменската опозиција Никол Пашинјан денеска се сретна со премиерот Саркисјан во хотелот Мериот во центарот на Ереван, но таа средба заврши неуспешно. Претседателот на ерменската Влада ја напушти средбата и го обвини Пашинјан за уцена.
Опозицискиот лидер му рекол на премиерот дека „дошол да разговараат за неговата оставка“, дека треба да го почитува законот, инаку ќе сноси одговорност и дека треба да ја сфати ситуацијата во земјата бидејќи власта е веќе во рацете на народот. Саркисјан, пак, му одговорил дека „тоа не е дијалог, туку уцена“, по што ја напуштил хотелската сала.
Десетици илјади луѓе вчера се собраа на Плоштадот на Републиката во центарот на Ереван.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време