Судири меѓу косовската опозиција и полицијата
Косовската полиција попладнево успеа да ги растури и избрка 150-ната поддржувачи на опозицијата од пред зградата на Парламентот, откако овие фрлаа камења врз неа, јави Танјуг.
Во пленарната сала на косовскиот Парламент пратениците на опозицијата денеска повторно фрлија солзавец, обидувајќи се да извршат притисок врз Владата да се откаже од спогодбата со Србија и Црна Гора, пренесоа американските медиуми.
Демонстрантите искршија повеќе прозорски стакла на зградата на Парламентот, која е испрскана со црвена боја.
Засега нема никакви податоци за повредени лица. Тројца од демонстрантите се уапсени.
Судирите меѓу демонстрантите и полицијата се пренесоа и на други места од главниот град Приштина. Еден автомобил е запален, а уште шест претрпеа друг вид на оштетувања.
Демонстрантите со контејнери за ѓубре се обиделе да ги блокираат улиците низ градот.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата