-->
-->
Судир во „Големата коалиција“ за фискалната политика во ЕУ
-->
Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел денеска се спротивстави на политиката на ригидни буџетски штедења во Европската унија која според него може да предизвика голема политичка штета.

- Треба да си го поставиме прашањето: Дали политичката штета која што ја трпиме е вредна за да ја спроведеме политичата на штедење, изјави денеска Габриел кој е и министер за економија и лидер на Социјал - Демократите кои што се помалата партија во германската владина коалиција.
Со оваа позиција Габриел искажува спротивна позиција во однос на министерот за финансии Волфганг Шојбле кој инсистира на стриктна фискална политичка и ригидно штедење меѓу членките на Еврозоната по секоја цена и се противи на фискални стимулации одобрени од Брисел.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, за разлика од Шојбле, Габриел вели дека Европската Комисија треба да дозволи повисок буџетски дефицит од договорениот ако некоја од членките се обврзе да спроведе структурни реформи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
