-->
-->
Судиите му го вратиле пасошот на Jахоски за да оди на свадба во Tурција
-->

Газдата на Пуцко петрол, Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, вчера се појави на фотографии фотографирани во Истанбул, Турција.
Фотографијата на која тој е сликан со славеникот, неговиот татко и чичко, беше објавена на социјалните мрежи.
Според информациите, тој побарал времено да му биде вратен пасошот, па така, неговото заминување во Истанбул, е законско, бидејќи судиите според се уште неофицијални информации одобриле.
Инаку, Јахоски заедно со Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски се осомничени дека на државата и продавале мазут со сомнителен квалитет за потребите на ТЕЦ Неготино за време на енергетската криза и тоа во вредност од околу 150 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани го празнуваат Божиќ
-

Кај кого се падна паричката за Бадник во домовите на политичарите?
-

„Празници за сите, Божиќ за сите“, хуманитарна акција во Општина Босилово
-

Се додели орденот за Носител на мир, како и плакети за пријатели на децата
