Судењето за „Трезор“ закажано за 21 ноември
Главната расправа по предметот „Трезор“ поднесен од Специјалното јавно обвинтелство е закажана за 21 ноември, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1 - Скопје.
- Судечкиот судија кај кого беше рапсореден обвинителниот предлог на Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) против 14 лица, по разгледување на предлогот, оформи предмет со К.бр 1904/16, а со оглед на распоредот на претходно закажани судења на судијата кој постапува по притворски предмети, а и големиот број на обвинети опфатени во овој предмет, главната расрпава е закажана за 21.11.2016 година во 10:00 часот за кога се испратени покани до странките во постапката заедно со примерок од обвинителниот предлог, стои во соопштението од Основен суд Скопје 1 - Скопје.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата