Судењето за „Траекторија“ одложено за 3 септември

Судењето за постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид „Траекторија” на СЈО продолжува на 3 септември, поради отсуство на вешто лице.
Судијата Горан Бошевски, на почетокот посочи дека вештакот ја известил јавноста, но не го известил судот дека е на одмор.
Застапник на обвинението Лиле Стефановска, од СЈО, рече дека вештакот ги известил и не знае зошто не го информирал судот.
Случајот “Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство се наоѓа во доказна постапка и во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груеваки на кого му се суди во отсуство, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој се наоѓа во притвор, како и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.
Екс министерот Јанакиевски се наоѓа во притвор во затворот во Шутка и веќе десетина ја одбива затворската храна.
Според обвинението на СЈО обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанелe штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
