Судењето за силување на Алвеш ќе се одржи зад затворени врати за да се заштити жртвата од јавноста
Судењето на Дани Алвеш ќе се одржи зад затворени врати.
Поранешниот дефанзивец на Барселона и бразилската репрезентација е во притвор од јануари 2023 година под обвинение за силување жена во ноќен клуб во Барселона во декември 2022 година. На 14 ноември се дозна дека судот ја завршил истрагата. Обвинителството бара 9-годишна затворска казна за фудбалерот.
Како што пренесува „Marca“, обвинителството побарало од судот во Барселона да дозволи судењето да се одвива целосно зад затворени врати за да се зачува приватноста на жртвата. Барањето беше одобрено.
Оваа мерка е опишана како „неопходна“ за заштита на правото на приватност на жртвата. Ова се прави од „почит“ кон жртвата и за да се избегне „сериозна штета“ што може да ја предизвика јавно судење со пристап до медиумите.
Се тврди дека сè уште не е исклучена опцијата во која нема да има судење – странките да се договорат пред судење. За да го направи тоа, Дани ќе мора да признае дека силувал 23-годишна девојка.
Алвеш треба да се појави на суд на 5 февруари.
Ново на Сител
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста
-
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја
-
Поранешниот потпретседател Пенс контра Трамп: Господине претседателе, не ја зборувате вистината за Украина
-
Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ
-
Вчера казнети 949 возачи
-
Лазаров: Воопшто нема да го потцениме Бриксен, одиме на победа и на реваншот
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за стружанец вработен во Управата за имотно правни работи
-
Косово: Специјалното обвинителство обвини две лица за шпионажа во корист на српска БИА