Судењето за „Поткуп“ одложено за 25 декември

Рочиштето за „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, што требаше да продолжи денеска во Кривичниот суд, е одложено за 25 декември 2017 година.
Судењето е одложено за да се сочека одлуката на Апелацискиот суд на 27 ноември за тоа дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во постапката.
Премиерот Зоран Заев во придружба на своите адвокати денеска се појави на закажаното рочиште.
Заев во „Поткуп“ е обвинет дека во својство на градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.
Претходното рочиште, на 27 септември, беше одложено поради отсуство на судијката Дијана Груевска-Илиевска.
Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одрж рочиште за случајот „Насилство во Центар“ во кој обвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски
Ново на Сител
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
