Судењето против организаторите на 27 април почнува на 21 февруари
Судењето за организаторите на настаните на 27 април 2017 година во Собранието почнува на 21 февруари.
Постапката ќе ја води судијата Илија Трпков, а дел од судечкиот совет е и судијата Владимир Туфегџиќ. Освен двајца судии во судечкиот совет има и тројца поротници.
Кривичниот суд го прифати предлогот на Обвинителството и одобри обвинение против поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристоски, како и екс дирекеторот на УБК Владимир Атанасов за организирање на насилствата од 27 април во Собранието.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Според ОЈО наодите од предистражната постапка укажале дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на 27 април.
– Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите. Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, информираат од ОЈО.
Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.
Ново на Сител
-

СП 2026: Многу сме горди што сме во полуфиналето
-

ДЗС: Опасна граната тешка околу 45 килограми пронајдена кај Неготино
-

Енергетската независност една од стратешките цели на Владата - повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори
-

Автонова го претстави Leapmotor во Македонија, нов исчекор кон иднината на електричната мобилност
-

Нови мерки во студентските домови: За алкохол во собите следува забрана и до пет години
-

ТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродрома опслужија речиси два милиона патници за половина година
-

Највозрасната жена која отишла во вселената, Воли Фанк почина на 87 години
-

Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во Собранието
