Судењето на трето обвинетиот за убиството на Саздо одложено за 2 април
Судењето против трето обвинетиот за убиството на Никола Саздовски, Јетон Љужам, кој беше во бегство, а од пред неколку месеци е екстрадиран од Германија, одложено за 2 април. Денешното рочиште не се одржа поради отсуство на судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и на следното рочиште треба да бидат сослушани еден сведок и едно вешто лице.
За убиството на дваесетгодишниот Саздовски Кривичниот суд Скопје, во април 2019 година ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири, на по 19 години затвор.
Апелација делумно ги прифати жалбите на Бења и Демири и им ги намали казните од 19 на 16 години затвор.
Според пресудата за Беља и Демири, обвинетите кои дејствувале заедно, се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски. Тие на 29 јуни 2018 година на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите.
Ново на Сител
-
Бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација за децата со атипичен развој од Кисела Вода
-
Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62 021 денари
-
Мицкоски со оптимизам дека ќе има договор со банките за кредитите за унгарскиот заем
-
Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатирата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
Кривична пријава за загадување на животната средина, природа, добиточна храна и вода
-
На царина запленет автомобил, пиротехнични материјали, цигари, лекови | ФОТО
-
Штрајк на над 50.000 поштари во Канада поради ниските плати и лошите услови за работа
-
Нема веќе непоразени сезонава во НБА, Бостон му го нанесе првиот пораз на Кливленд