Судбина: Куршум ме погоди кога бев бебе, ама сега живеам нормален живот
Александар Љубичиќ (15) бил 17-месечно бебе кога во јуни 2002 година е тешко ранет во престрелка во центарот на Панчево. Тогаш Владимир Јорга го уби Горан Грабин (25).
Иако сум слеп на едно око, и не можам секогаш да ја користам левата рака и нога, живеам нормално. Не размислувам за несреќата што ми се случи, а желба ми е да станам спортски новинар. Тренирав фудбал и кошарка, но сега направив пауза зошто сакам да му се посветам на учењето, наскоро имам приемен испит.
Вака за српски Курир ја почна својата исповед Александар Љубичиќ (15) од Панчево кој на 22 јуни 2002 година е тешко повреден во престрелка во центарот на Панчево. Пукањето го предизвикал Владимир Јорга кој во таа прилика го усмртил 25-годишниот Горан Грабин.
Александар бил 17-месечно бебе кога се случила несреќата. Неговата мајка Љиљана, таткото Мирослав и братот Марко шетале низ градот кога од рикошетот бил погоден во слепоочницата. Поради повредата не гледа на десното око, а ослабена му е и левата рака и нога. Но тоа не го спречува да живее нормално.
-Тогаш бев многу мал, не се сеќавам на ништо и не размислува, За несреќата знам само од приказните. Имам многу добри другари кои секогаш ми помагаат и ја имам нивната поддршка. Година дена тренирав кошарка, а фудбал 4 години и многу добро ми одеше. Сега се подготвувам за приемен испит, сакам да се запишам во економско училиште, по што сакам да станам спортски новинар - вели Александар.
Играм фудбал
Тој на шега додава дека со другарите често играл фудбал, но поради неговите повреди го ставале на голот.
-Некогаш малку се лутат кога ќе примам гол, а и јас се нервирав. Но никогаш не сум доживеал непријатна ситуација поради своите повреди - раскажува ова скромно момче.
Неговата мајка истакнува дека таа несреќа им го сменила животот за 360 степени.
-Најголемо богатство е да се има здраво дете. Александар е многу добро дете, тешко му паѓаат вежбите што мора да ги раборит, но состојбата му е подобра. Никогаш нема да заборавам што се случи. И ден денес ја одбегнувам таа улица и таму одам само ако морам. Среќни сме што тој е денеска покрај нас зошто не знаевме дали ќе остане жив, вели мајката на Александар, Љиљана и додава дека поради несреќата долго имале страв од гужва и се уште живеат изолиран живот.
-Секоја година одиме во бања или на море поради него, порано ни помагаше фирмата, а сега се снаоѓаме сами, вели Љиљана.
Уапсен во Македонија
Владимир Јорга е уапсен дури 10 години подоцна зошто побегнал во Охрид, а од Македонија е предаден во Србија 2012 година. Осуден е на 15 години затвор.
-Ни беше многу тешко зошто толку долго време ја чекавме правдата. Не го познавав Владимир, го видов само еднаш на судењето, зошто сакав да го видам. Беше тажен, но јас не чувствував бес, зошто синот ни даваше сила. Никој од семејството на Јорга не ни се јави, вели мајката на Александар.
Таа на крајот вели дека е задоволна со пресудата зошто верувала дека Јорга никогаш нема да биде фатен.
Убиецот е осуден на 15 години затвор за убиството на Горан Грабин и за ранување на бебе.
Во затворската казна му е пресметано и времето поминато во притвор во Србија и во Македонија каде е уапсен во март 2012 година.
Ново на Сител
-
Протест пред Собрание во организација на иницијативата „Кој е следен“
-
Министерството за образование и СОНК потпишаа нова спогодба за раст на платите
-
Маркови Кули - комплетно неискористен туристички потенцијал на Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова