Македонија
29. December 2019 - 11:54

Судар на две возила во Куманово, сопатник тешко повреден

Синоќа околу 22,30 часот во Куманово, на ул.„Драган Стопаревиќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „југо корал“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.К.(46) од Куманово, и патничко моторно возило„рено твинго“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(34) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничко моторно возило „југо корал“ И.Т.(34) од Куманово кој е пренесен во Клиничката болница Куманово за укажување на лекарска помош. 

Увид на место на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.