-->
-->
Судар на две возила на крстосница во Пехчево, сопатничка тешко повредена
-->
Вчера околу 15.00 часот на крстосницата од регионалниот пат Делчево - Берово и ул.„Јулија Веселинска“ во Пехчево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со беровски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(43) од Пехчево и патничко возило „сеат леон“, со беровски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од Пехчево.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Е.П.(76) од Пехчево, сопатничка во возилото „фолксваген голф“ и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Историски скок на Волстрит, Европската комисија го поздрави потегот на Трамп
-
Судскиот Совет го разгледува предметот за Теодора
-
Се уште не се знае каде ќе се суди за трагедијата во Кочани
-
И денеска судења против Мерко
-
Тошковски и Коцевски потпишаа нов протокол за засилување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство
-
ЈКП – ЈА бараат да плаќаат за струја по тарифи како и за физичките лица
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто