Суданската армија го разреши лидерот на превратот и побара опозицијата да назначи премиер
Привремениот Воен совет на Судан го разреши министерот за одбрана Авад Ибн Ауф, кој кусо беше лидер по државниот удар минатата недела и назначи нов шеф на разузнавањето, соопшти портпаролот на Советот.
Во соопштението, армијата, нагласи дека е „подготвена” за можноста цивилна влада да биде избрана од страна на опозицијата, и да ја преземе власта.
– Ние нема да назначиме премиер, тие ќе го изберат, рече портпаролот на Советот, генерал-мајор Шамс Адин Шанто.
Минатата недела, вооружените сили го соборија претседателот Омар ал-Башир по 30 години на власт и протести во траење од четири месеци. Демонстрантите, кои прво го поздравија соборувањето на Башир, ги продолжија демонстрациите откако војската објави двегодишна транзиција кон цивилно владеење.
Армијата првично воведе ограничено движење, но во саботата тие го откажаа и ветија дијалог.
Авад Ибн Ауф беше фактички управник на Судан само 24 часа по државниот удар пред да се повлече бидејќи демонстрантите инсистираа за негова оставка.
Генералот Абу Бакр Мустафа стана шеф на Националната служба за разузнавање и безбедност на местото на Сала Салех. Покрај тоа, суданските амбасадори во Вашингтон и Женева беа разрешени.
Портпаролот на воениот Совет вети дека ќе се реорганизираат националните разузнавачки и безбедносни сили. Ќе се преземат мерки за борба против корупцијата и промени во законите за јавниот ред за да ги задоволат барањата на демонстрантите.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа