Судан ќе го испорача Омар ал Башар на Трибуналот за воени злосторства

Преодните власти и бунтовничките групи во Судан се согласија да го предадат поранешниот претседател Омар ал Башир на Меѓународниот кривичен трибунал за воени злосторства, јави Би Би Си.
– Правдата не може да биде постигната доколку не ги залечиме раните, изјави владиниот портпарол Мохамед Хасан Елтаиш. – Се согласивме дека за секого за кого постои налог за апсење од Трибуналот ќе биде процесуиран до Судот за воени злосторства. Ова го кажувам многу јасно, потенцираше портпаролот.
Судот го бара Ал Башир, кој минатата година беше соборен од војската под обвинение за злосторства против човештвото и геноцид извршен во конфликтот во Дарфур.
Откако беше соборен во април, тој е затворен во главниот град на Судан, Картум, под обвинение за корупција и убиство на демонстранти.
Ново на Сител
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
