Субвенции за греење со пелети - нов проект вреден 14 милиони евра
Нов четиригодишен проект за заштита на здравјето на граѓаните и на животната средина преку субвенционирање на греење со пелети вреден најмалу 14 милиони евра, најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Проектот ќе почне да се спроведува од 2017 и ќе важи до 2020 година, а за него ќе бидат инвестирани најмалку по 3,5 милони годишно или вкупно 14 милиони евра, со можност за издвојување повеќе средства доколку за тоа има интерес. Ќе се сувенционира купувањето печки на пелети, ќе се намали ДДВ-то за печките и пелетити, а ќе се субвенционира и инсталирање на системи за греење во јолеми објекти кои вршат јавни дејности.ж
На годишно ниво за поддршка за домаќинствата ќе се инвестираат 2,5 милони евра, а еден милион евра за субвенционирање системи за греење за големи потрошувач.
- Ова е мерка која засега огромен број граѓани и ние работиме и нудиме проекти што ќе им помогнат на огромен дел од нив. Тоа е нашата вредност и тоа е нашата обврска кон граѓаните и ние таа обврска ја исполнуваме. Продолжуваме да работиме за доброто на граѓаните и за напредок на Република Македонија и од тоа и покрај сите препреки и сите опструкции и деструктивни сценарија нема да отстапиме, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Појасни дека ќе се доделуваат субвенции до 70 проценти од трошоците на домаќинствата за замена на печките на дрва со печки и котли на пелети, по принципот старо за ново, но најмногу до 30 илајди денари по домаќинство.
- На пример за набавка на печка од шест киловати за затоплување површина до 60 метри квадратни за која се потребни околу 40 илјади денари ќе се субвенционираат 28 илјади денари, или за осум киловатна печка која загрева површина до 80 метри квадратни ќе се субвенционираат до 30 илјади денари, што е горниот лимит на субвенцијата, истакна Груевски.
Ќе се поддржува и набавката и потрошувачката на пелетите. Со цел да се намали нивната цена и да бидат поконкурентни од другите средства за загревање ќе се поддржи субвенционирана цена за пелетите во наредните десет години. Како што најави Груевски, за да се поттикне побарувачката и употребата на овој вид греење ДДВ-то за пелетите и за печките на пелети ќе биде намалена од 18 на 5 проценти.
Така еден тон пелети, појасни Груевски, кој сега чини 11.500 денари со намалувањето би чинел 10.200 денари односно за 1.300 помалку или едно домаќинство кое во грејна сезона од 200 дена троши три тони пелети и со постојната цена има трошок од 34.500 денари со намалувањето на стапката на ДДВ на 5 проценти трошокот би изнесувал 30.600 денари односно 3.900 денари помалку. Со намалувањето на ДДВ треба да дојде до поевтинување на печките на пелети односно печка која чини 49 илјади денари би чинела 43.300 денари односно за 5.700 денари помалку.
Исто така, ЈП„Македонски шуми“ ќе се специјализира и ќе почне да произведува пелети кои по мошне поволни услови ќе бидат понудени на пазарот.
- Планирано е и субвенционирање за инсталирање системи за греење со радијатори на пелети во големи станбени објекти и други поголеми потрошувачи како градинки, училишта, здравствени домови, јавни претпријатија... лоцирани во објекти во населени места што не се приклучени кон централно градско греење и кои во моментот во најголем дел се затоплуваат со дрва или посилни горива. За оваа мерка ќе бидат наменети еден милион евра годишно во период од 4 години, рече Груевски.
Одлуката да се поддржи ваков проект е донесена по направените анализи за поволностите на греењето на пелети. Тие претставуват обновлив извор на енергија и се добиваат како нуспродукт од преработката на дрво за други намени односно од дрвена пелевина, кора од дрво... Собирањето на оваа отпадна маса ќе помогне и во намалување на пожарите. Пелетите имаат пониска цена, ја чуваат животната околина, лесни се за употреба, имаат високакалорична моќност односно даваат повеќе топлина, а имаат најнизок степен на загадување на воздухот и со нивна масовна употреба во голем дел треба да се реши проблемот со загадувањето во есенските и зимските денови.
Ново на Сител
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени