-->
-->
Суарез го постигна првиот гол во ЛШ на гости од 2015 година
-->
– Атлетико синоќа го победи Милан со 2:1 во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Напаѓачот Луис Суарез го постигна победничкиот гол во седмата минута од судиското надополнување.
Уругваецот се запиша во листата на стрелците од пенал. За него, овој гол беше прв од 2015 година на гостински терен на меч од елитното натпреварување. Суарез последен пат постигна гол на гости во Лигата на шампионите против Рома (1:1) во сезоната 2015/16.
По две кола во Б-групата, Ливерпул е лидер со максимални шест бодови, Атлетико Мадрид има четири, Порто еден, Милан е последен без освоен бод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
