Студија: Два милиона луѓе во Британија треба да се вакцинираат неделно за да се спречи трет бран на епидемијата
Велика Британија треба да вакцинира два милиони луѓе неделно за да спречи ширење на третиот бран на коронавирусот. Тоа е заклучокот на студијата на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.
Велика Британија има повеќе од 71.000 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 2,3 милиони потврдени случаи.
Во студијата, авторите посочуваат дека со цел да се намали притисокот во единиците за интензивна нега под нивоата за време на првиот бран, најголемите ограничувања треба да останат на сила во јануари, училиштата да останат затворени и да се вакцинираат 2 милиона луѓе неделно.
Доколку не се извршат масовни имунизации, болничките приеми, единиците за интензивна нега и смртните случаи во 2021 година може да ги надминат оние во 2020 година, предупредува студијата, додавајќи дека имунизацијата на 2 милиона луѓе неделно ќе има многу големо влијание.
Во четвртокот влстите соопштија дека 600.000 луѓе таму ја примиле првата доза од вакцината на Фајзер.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
