Македонија
13. February 2019 - 16:33

Студентскиот дом Кузман нема повеќе да загадува

Кузман Јосифовски Питу ќе биде приклучен на централното греење но се уште се чека на антикорупциска да одлучи дали може да се распише тендер за потстаница. 

Мазутот на кој до сега се затоплуваше оваа зграда ќе биде заменет, а со тоа ќе се елиминира уште една црна точка која е извор на аерозагадување во градот.Директорот потпиша меморандум за соработка со АД БЕГ по што наскоро ќе започнат подготовките за промена на системот.

Со приклучувањето на парно на овој студентски дом почнува имплементацијата на планот за чист воздух вели заменикот за животна средина. Приоритет ќе бидат и основните училишта во најзагадените општини за кои ВЛадата ќе издвои средства за нов систем на затоплување.

За отпадот во дворот на  Пелагонија но и и за состојбата со останатите студентски домови министерот за образование смета дека секој треба да сноси одговорност. Во следниот период најави дека ќе се фокусираат повеќе на менаџментот кој раководи со сите установи од ресорот образование.

Министерот најави активности за подобрување на инфраструктурата во сите студентски домови за да се подобри животната средина. По реновирањето на студентскиот дом Гоце Делчев каде сега има градежен шут, дворот партерно ќе се уредува велат надлежните.